вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Македонија

Шилегов: Ќе ги рушам галиите што ќе чини 5 милиони евра, пари за нови проекти нема

Шилегов: Ќе ги рушам галиите што ќе чини 5 милиони евра, пари за нови проекти нема

На поставено советничко прашање од ВМРО-ДПМНЕ зошто парите за преместување на галиите не се пренаменат за изградба на други пректи, Петре Шилегов одговори дека ќе ги руши галиите, и дека нема намера да остапи, бидејќи според негово уверување тие го загрозуваат користото на Вардар и имаат лоша естетса вредност.

Петре Шилегов немаше одговор на прашањето зошто тие пари не е подобро да се инвестираат во други инфраструктурни проекти.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески  даде осврт што може да се изгради за тие 5 милиони евра, што ќе се дадат за рушење.

-Нема да навлегувам во нивната естетска и употребна вредност, тоа е друга тема. Мене ме интересира сумата која ќе дадете за нивно дислоцирање а е во висина од 5 милиони евра, надополнета со нови 3 милиони евра за доофрмување и преправање на мстот.  5 милиони евра значат 5 нови изградени училишта во градот Скопје. Колку за илустрација училиштето Живко Брајковски во Бутел и Невена Горгиева Дуња во Кисела Вода чинат нешто над 1 милион евра, а тоа доволно за изградба на 5 нови училишта. Тоа значи дека на пример може да се изгради ново училиште и во Ѓорче Петров на местото на актуелните бараки во кое сега функционира, или пак да се изгради нова канализација во многу населени места, да се добие нов асфалт во Волково итн, а за сметка на сето ова вие ги фрлате парите во вода, за рушење, а не за градење, истакна Галески.

Тој во однос на изјавите на Шилегов дека Скопје ќе се поплавело поради галиите посочи: главниот проблем на високиот водостој на Вардар во тој потег е тесното грло на Камениот Мост, но и пропустите со регулацијата на водите на Вардар преку браните Матка и Козјак кои се полнат од притоката Треска.  Прашањето е зошто во претходните години кои беа поприлично богати со дождови немаше позначајни проблеми со поплавување, а сега има, и дали за тоа не се виновни луѓето кои координираат со системот на води од компанијата ЕЛЕМ, посочи советникот од ВМРО-ДПМНЕ Галески.

Шилегов исто така остана без одговор и на прашањето за кејот 13 ноември и зошто сеуште се користи освен како пешачка зона и како улица за автомобили.

-Делот на кејот 13 ноември останува автопат и тоа не му смета на Шилегов. Поминаа 114 дена како сте градоначалник, истата таа локација е автопат, и зошто не превземавте нешто со што ќе го смените тоа, особено ако се знае дека и власта во општина Центар и власта во градот е ваша. Зошто овој период е пропуштен и зошто работите се на мртва точка, истакна советникот Галески за време на советничките прашања.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова го запраша градоначалникот Шилегов зошто неколкуте  краткорочни мерки за загадувањето на воздухот не даваат ефекти, и дали чуствува одговорност што од одлука на Шилегов за времено ангажирање на работници за чистење на градот нема никакви резултати. -парите се потрошени, но резултати нема, воздухот останува загаден, а Скопје нечисто-изјави Попова.

Шилегов одговори дека е согласен дека нивото на чистота не  е на најзадоволителното ниво, но сепак дека е потребно повеќе време.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје Галески го запраша Шилегов и за проектот за поврзување на Илинденска со Ѓорче Петров.

-Нема поголемо политиканство од тоа да се вети проект кој знаете дека не можете да го остварите. Ветувате пробивање на Илинденска и поврзување со Ѓорче Петров и тоа низ регион каде има донесено одлука Советот на град Скопје уште во 1999та година за прогласување на заштитна зона, и тоа поирок регион од прва, втора и трета категорија. Заедничко за сите три зони е што не е дозволено градење од таков карактер или форма каква што Шилегов се фалеше пред изборите, истакна Галески.

Тој додаде, или станува за лажен проект или ќе се поништи одлуката на советот на градот Скопје со што ќе се загрозат изворите од кој вода за пиење добиваат скопјани во летниот период.

Шилегов одговори дека планот е да се гради виадукт, кој ќе поминува над изворите, но незнаеше да одговори како ќе се премости толкаво земјиште без да има столбови на изворите, и кога точно би почнало да се гради.