вторник, 11. август 2020. Вести денес: 102
home Македонија

Ромите на Западен Балкан се најпогодени од кризата со коронавирусот

Ромите на Западен Балкан се најпогодени од кризата со коронавирусот

„Кризата ги погоди Ромите многу повеќе од останатите луѓе, но исто така ги разгори и прошири негативните наративи кон Ромите во јавноста и особено на интернет“, изјави Орхан Усеин во авторски текст на веб страната на Регионалниот совет за соработка (РСС).

Усеин, кој е раководител на регионалниот проект „Интеграција на Ромите 2020“ во кој учествуваат сите земји од Западен Балкан, потсети дека ситуацијата, „според Балкан барометарот 2020“ „и онака беше тешка“.

Според ова реномирано истражување на РСС, „ девет отсто од претпријатијата на Западен Балкан не би вработиле Ром, а 33 од 100 лица не би работеле за работодавач Ром. Истражувањето покажа дека 26 отсто од граѓаните во Западен Балкан не сакаат нивните деца да ја делат училницата со Роми. Повеќе од третина испитаници не би примиле Ром како гостин во нивниот дом“, потенцира Усеин.

„Со ова мораме да се бориме и да го запреме со заеднички регионални напори преку остварување на целите од Декларацијата (од Познањ, Полска од 2019), една по една. Сите ние ги заслужуваме истите можности. Сите ние сме различни, но исто така треба да бидеме и еднакви“, нагласи Усеин. (МИА)

Коронавирус