среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 96
home Македонија

Романска собраниска делегација во посета на Собранието

Романска собраниска делегација во посета на Собранието

Романска делегација предводена од Јоан-Кристијан Киртеш, претседател на групата за пријателство со Република Северна Македонија во Парламентот на Романија денеска престојува во посета на Собранието.

Како што е предвидено, членовите на делегацијата ќе имаат средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.

Исто така, во рамки на посетата, тие ќе се сретнат и со Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Емил Димитриев, претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, и со Трајчо Димков, член на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.