понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 69
home Македонија

Ристески: Секаде се чувствуваат лажните ветувања на СДСМ

Ристески: Секаде се чувствуваат лажните ветувања на СДСМ

Поранешниот градоначалник на Прилеп и член на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески порача на граѓаните од Гевгелија дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исполни ветувањата што СДСМ не можеше да ги исполни.

Тој на својот фејсбук профил објави:

-Гевгелија која требаше да биде симбол на правото, правдата и СЈО, стана синоним за криминал и корупција, рекет, измами, понижувања, манипулации и лаги, Луј Витон, Катица и фамилијата….
Сето ова се чувствува во топлиот летен воздух во Гевгелија, Стојаково, Богородица, Негорци….Секаде се чувствуваат лажните ветувања на СДСМ како: нов градски парк, нова катна гаража, нова детска градинка….Ги нема ниту ветените нови канализациони системи, стационар за кучиња, а од нови инвестиции и фабрики во индустриската зона Прдејци-една голема 0!!!! СДСМ ќе биде мрачно минато за Гевгеличани….доаѓа време на чесни, принципиелни, праведни и искрени луѓе, време на работа, труд, посветеност и ОБНОВА….после 15-ти доаѓа време на силна, достоинствена, праведна и горда Македонија!!!!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус