петок, 31. март 2023. Вести денес: 119
home Македонија

Ристески: Предлагаме конструктивни мерки за помош на граѓаните и стопанството во Прилеп

Ристески: Предлагаме конструктивни мерки за помош на граѓаните и стопанството во Прилеп

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до Советот на Општина Прилеп предлага низа конструктивни мерки, кои ќе бидат од огромна корист за угостителските објекти, занаетчиите, дуќанџиите во чаршијата, но и сите други погодени стопански субјекти, како и граѓаните кои губат работни места, со цел справување со економската криза.

Предлагаме:

1. Предлагаме намалување за 50% на данокот за имот за тековната 2020 година, како и 50% на данокот за наследство и подарок;

2. Целосно ослободување од плаќање на фирмарина на деловните субјекти за 2019 и 2020 година.

3. Целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните простории (вклучително и летните тераси пред угостителските објекти до крајот на 2020 година)

4. Предлагаме и намалување за 50% на сметките за вода и комунални услуги за најпогодените физички и правни лица во период од 6 месеци.

5. Во периодот додека трае кризата да се раскинат сите договори на дело на лица ангажирани преку агенции за привремени вработувања, авторски договори и слично, мерка со која ќе се заштедат околу 10 милиони денари.

6. Предлагаме и укинување на сите непродуктивни трошења на Локалната самоуправа и јавните претпријатија, вклучително и на средствата предвидени за репрезентација, како и рационално и ограничено користење на возниот парк на институциите. На овој начин ќе се заштедат цели 5 милиони денари.

Ова се мерки кои ќе значат заштеда на голема сума пари, но истовремено и ќе обезбедат дополнителни парични средства за граѓаните и стопанските субјекти во справувањето со оваа глобална пандемија, изјави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Петар РистескиПетар Ристески.