среда, 28. јули 2021. Вести денес: 138
home Македонија

Ристески: Немање инвестиции по ново се вика “Деловна тајна“

Ристески: Немање инвестиции по ново се вика “Деловна тајна“

Праксата вели: Кога немаш конкретен одговор – кружиш „Као киша око Крагуевца“!

Така и министерката за странски инвестиции – Апостолоска беше фатена во небрано со прашањето од Алфа ТВ, колку нови странски инвестиции има во ТИРЗ-Прилеп, откако СДСМ е на власт?

Малку беше затекната, малку збунета, а и малку возбудена од (да признаеме) „крајно незгодното“ прашање. И ја разбирам, кутрата, не и беше лесно да одговори на вака комплицирано прашање, а и како да одговори кога ИНВЕСТИЦИИ НЕМА, или инвестиции ? (како што милува да каже нејзиниот лидер ?)!!!

Во отсуство на инвестиции и резултати одговорот секогаш е тежок, а во случајов дури испадна и ДЕЛОВНА ТАЈНА!

Бравооо за Апостолоска, браво за СДСМ која стана деловно-тајна партија со многу илузии или народно кажано „компир вариш-месо гледаш“! На пример:

– изградија стотици километри нови патишта, ама уште никој не ги видел;
– покачија плати и животен стандард, а никој не ги почувствувал;
– донесоа инвестиции, ама никој не ги дозна (па дури ни тие што земаат плата за тоа);
– донесоа живот, а сите едвај преживуваат и бегаат!

И Дејвид Коперфилд може да им позавиди на илузионериве….

Бидејќи министерката Апостолоска не знае, еве јас ќе ги потсетам: Во ТИРЗ Прилеп имаат инвестирано три странски компании: Гентерм (околу 2000 вработени), VIC (над 300 вработени), Акомпласт (100-тина вработени) или вкупно околу 2500 вработени и сите од времето на ВМРО-ДПМНЕ!!!

До сега сите три компании требаше да ги прошират своите капацитети, но од „деловно-тајни“ причини сè уште го немаат направено тоа, а под непознати околности исчезна и интересот за инвестирање на уште најмалку две мултинационални компании со илјадници нови вработувања, но засега и од нив ни трага-ни глас!

Под превезот на „деловна-илузија“ од страна на СДСМ, влегуваме во Предвремени парламентарни избори, кога после 12ти Април илузијата конечно ќе исчезне!

P.S: Да ја прашаме министерката Апостолоска уште едно незгодно прашање: Ако не се отвореа овие фабрики во ТИРЗ Зоната-Прилеп и ако не се отвореа и проширеа уште неколку нови капацитети во времето на ВМРО-ДПМНЕ, дали знае градот под Марковите кули со колку луѓе ќе останеше?!, пишува на својата Фејсбук страница поранешниот градоначалник и претседател на комисијата за ликална самоуправа Марјан Ристески.

Коронавирус