четврток, 5. август 2021. Вести денес: 70
home Македонија

РФМ го пријави Вардар во ракометната ЛШ и наредната сезона

РФМ го пријави Вардар во ракометната ЛШ и наредната сезона

Ракометниот шампион на Македонија Вардар и во наредната сезона ќе го претставува македонскиот ракомет во Лигата на Шампионите, откако „црвено-црните“ денеска и официјално беше пријавени од Ракометната Федерација на Македонија за учество во елитното европско натпреварување.

Вардар ја продолжи доминацијата на домашната ракометна сцена, а согласно пропозициите федерацијата го пријавува шампионот за настап во елитното натпреварување.

Мак-ракометот ќе има три претставници во Лигата на Европа, каде ќе се најдат Еурофарм Пелистер, Тинекс Пролет и Металург.

Коронавирус