недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Македонија

Република Корумпирана Македонија- белег на годината

Република Корумпирана Македонија- белег на годината

Македонија оваа 2018 година ја заврши на 68. место на листата на Форбс за водење бизнис, што преставува драстичен пад споредено со рангирањето во 2014 година кога бевме на 31 место. Оваа листа е составена врз основа на 15 фактори, вклучувајќи имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, големина на пазарот, квалитет на живот и работна сила.

Корупцијата е главниот проблем на Македонија. Таа е сеприсутна. Нотирана беше и во нон-пејперот на ЕУ како главен проблем за отпочнување на преговорите.

„Корупцијата и натаму е распространета во многу области и земјите ќе бидат сериозен проблем, додека капацитетот на институциите за ефикасно справување со корупцијата покажа структурни и оперативни недостатоци меѓу кои се политичките пречки“- беше посочено во овој документ.

Токму отсуството на политичка волја на власта за справување со корупцијата беше причина поради која на листата на Транспаренси интернешнл на почетокот на годината бевме рангирани на 107 место на индекс на перцепција за корупција. Пред Република Македонија се наоѓа Танзанија на 103 место, а 107-то место го делиме со Етиопија.

-Станува збор за историски пад од 17 места, откако минатата 2017 година Република Македонија паднала за 24 места на Иднексот на перцепцијата на корупција, а досега не е забележана некоја држава да доживее таков огромен пад, вели директорката на Транспаренси интернешнел, Слаѓана Тасева.

Владата се бори против или е извор на корупцијата?

Изминатата 2018 година ја одбележа низа скандали кои отворија сомнеж за корупција на највисоките ешалони на власта. Директно беа посочувани членови на семејството на премиерот Зоран Заев.

Имено опозицијата обвини дека компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, со нивни возила врши превоз на јаглен во РЕК Битола за фирмата СВ инвест која претходно добила бизнис од РЕК-от во 4 очи. Зоран Заев кога се правдаше во овој скандал тврдеше дека семејната фирма Тотал Инжинеринг ја има отуѓено целата механизација, а само неколку дена потоа на истата таа фирма, која наводно е без механизација, од Владата и беше доделена 30 годишна концесија за ископ на минерални суровини на локација во Село Дукатино, општина Василево.

Семејството Заеви беа посочувани и дека под сомнителна постапка станаа сопственици на сериозен удел од 22% во стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Геρас Цунев“ по цена од 20 илјади евра, колку што вреди една гарсоњера иако имотот на конфекцијата опфаќа над 7300м2.

Слична афера која изби оваа година беше и случајот со лицето Сашо Брндевски, кој е партнер во една од фирмите на Заеви, кога на семејните фирми на Заеви Тотал Инжинеирнг и Пелагонија Струмица им отстапил атрактивно земјиште во струмичката касарна за изградба на седумкатница во замена за еднособен стан. Сомнително беше тоа што Брндевски бил претходно единствениот наддавач на лицитацијата која ја правела општина Струмица за отуѓување на државно градежно земјиште во време кога Зоран Заев бил градоначалник на општината.

Патем семејството Заеви во 2018 година беа обвинувани дека ја зголемиле семејната империја од бизниси и фирми, преку купување на удели во “Нова стоковна куѓа Струмица“ ( зделка која беше нотирана како неправилна и од Македонска Берза АД Скопје) и влегувањето во бизнисот со одгледување на марихуана преку фирмата МАМ оранжерии Валандово.

И самиот Зоран Заев во текот на кампањата за референдумот на митинг во Крива Паланка беше обвинет дека повикува на изборна корупција кога повика бизнисмените со пари да ги мотивирале вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа. Јавното обвинителство се уште се нема произнесено за овој случај.

Кочо Анѓушев вицепремиер или министер тендер?

Сериозни обвинувања од јавноста беа упатени оваа година и кон Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања, кој остана запомнат по доделувањето грант од 160 илјади евра преку фондот за иновации на фирмата кај што самиот има удел КАСТ Инвест. Во оваа афера со доделување на грантови од Фондот за иновации беа замешани и фирми на други партиски и владини функционери како Печатницата Гинис кај што сопственик е партеникот од СДСМ Хари Локвенец, Колдинг Горска на Горан Тодоров претстедател на ОО СДСМ Кавадарци, Печатница Софија на советник на СДСМ во општина Богданци, фирмата Декодикс на снаата на Цветанка Ласкова советник во кабинетот на Заев, неколку медиуми блиски до власта и слично.

Вицепремиерот Анѓушев иако минатата година тврдеше дека неговите фирми нема да добиваат јавни набавки и тендери, сепак во 4 очи доби неколку бизниси со Клиника за каридологија, психијатриска болница Негорци, основен суд Велес, Агенцијата за патишта како и клиничка болница Тетово. Сомнежи за корупција поврзани со Анѓушев кои ги надминаа границите на Македонија се појавија и во случаите со продажбата на неговата фирма ЕДС на грчката државна компанија за струја за околу 5 милиони евра непосредно пред потпишувањето на договорот во Преспа, како и постапката околу стечајот и продажбата на ФЕНИ, за кои обвинуваа и од Транспаренси Интернешнл.

Тендер Влада

Владата во изминатата година беше критикувана од експертите и јавноста за неколку јавни набавки кои беа посочувани за сомнителни или непотребно трошење на народни пари.

Владата издвои 660 илјади евра за набавка на кафиња и цвеќиња, набавка која е само проценка, а може да биде и повисока.

Набавени беа возила од неколку државни институции, Министерството за одбрана, Бирото за јавни набавки, Централниот регистар, и МВР ( во овој случај набавката тежеше 1 милион евра) од фирмата Делукс Ауто од Куманово. Оваа фирма иако не е овластен дистрибутер, туку дилер на возила беше избраниот набавувач во сите овие случаи. Оваа фирма ја има во два годишни финансиски извештаи на владејачката СДСМ, односно дека кумановската компанија, давала услуги на СДСМ во 2015 и 2016 година.

Посебен случај беше доделувањето на лиценци за вршење на испити за возачки дозволи тежок 6 милиони евра за 5 години. Оваа лиценца со која се обезбедува монопол во градот Скопје беше доделена на фирма на 26 годишно момче, основана 7 дена пред распишување на конкурсот, а беа дисквалификувани многу посериозни компании со децениско искуство во оваа област. Ова момче треба да ја организира работата на комисиите од кои ќе зависи безбедноста во сообраќајот.

Уште еден сличен скандал беше и тендерот во здравството кога беше доделен 35 милиони евра вреден бизнис за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија, па под притисок на јавноста повлечени, на две момчиња од Нови Сад и Гази Баба. Овие две лица фирмата ја основале речиси истовремено кога почнал техничкиот дијалог за тендерот и воопшто не е ни биле застапници на брендот „АБОТ“ од кој се набавуваат апаратите.

Со еден збор, оваа година во меморијата на јавноста остана запомната по скандалите и аферите за корупција кои сериозно ја загрозуваат темата за промена на името за фокусот на јавноста. Токму за компромис на двете теми нашата редакција го посочи насловот Република Корумпирана Македонија како белег на оваа 2018 година.