среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 165
home Македонија

Професорката Котлар со лекција до Заев, комисијата нема мандат да ги менува учебниците!

Професорката Котлар со лекција до Заев, комисијата нема мандат да ги менува учебниците!

Универзитетската професрока Наташа Котлар во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, коментирајќи го интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската национална агенција вели дека има големи научни книги кои што Заев требало да ги прочита, но доколку не знае да ги протолкува Котлар смета дека тој има голем број на советници од Институтот за национална историја кои што требало по вешто да го информираат за историските факти и да го оспособат пред да даде изјава.

Штом има огромна научна продукција тоа значи дека треба да се чита, но кога се чита треба да се разбере она што го читаме што е напишано. Ако господинот премиер не може тоа да прочита и протолкува знам дека има советници кои што се од Институтот за национална историја и кои што сигурно своите докторати ги имале на таа тема и можеле по вешто можеле да го информираат и оспособат за да даде соодветна изјава, вели таа.

Според Котлар, мешовитата комисија нема мандат да врши ревизија на учебниците бидејќи со самото тоа влегува во авторските и интелектуалните права односно како што рече пред таа да стане професор поминала низ рецесија, низ научен филтер и докажувања и никој нема право од членовите на комисијата да интервенира во научните трудови.

Во договорот се вели дека ќе се формира една мултидисциплинарна комисија, која не е ни риба, не е ни девојка, не е академска бидејќи академските и научните разговори се на сосема подруг начин тие одат на конференција и разговараат за методологијата како нештото се третира или како треба да се третира. Но, не може еден научник од Германија да му каже на овој од Франција како да работи и создава своја методологија во работата која што му е научна. Тие може да разговараат, ниту може да понудат нешто напишано како декрет и да им дадат на политичарите. Пак ќе се вратам, политичарите мора да прочитаат, да разберат и да знаат што зборуваат.

Другиот дел има ревизија на учебниците нешто така се провлекува во договорот. Ова комисија нема мандат тоа нешто да го прави бидејќи влегува во авторските и интелектуалните права на творците, а тоа го имате во членот 9 од договорот. Како може мојот колега кој што е таму член или претседател во таа комисија да интервенира во моите авторски и интелектуални права бидејќи јас за да станам научен кадар или професори сме поминале низ рецензија, низ докажувања, низ еден научен филтер и оддеднаш некоја мешовита комисија која му одговара на Министерството за надворешни работи треба да го ревидира она што е научно напишано. Мртва работа, значи комисијата треа да си седне и да си прочита што треба дa работи една академска или пак друга комисија, рече Котлар.

Коронавирус