среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Македонија

Пред нас е продолжен викенд- еве уште колку неработни денови остануваат до крајот на годината

Пред нас е продолжен викенд- еве уште колку неработни денови остануваат до крајот на годината

Согласно Законот за празници, во петок, 11-ти Октомври, кога се одбележува Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Ова значи дека овој викенд ќе биде продолжен, со еден ден плус за одмор од секојдневните работни обврски.

Овој месец има уште еден државен празник, 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кој исто така ќе биде неработен за сите граѓани.

За сите граѓани на РМ

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен, па со тоа добиваме и еден продолжен викенд во декември.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божиќ

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик