вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 0
home Македонија

Повредена малолетничка во сообраќајка во Гевгелија- едното возило е сопственост на австриската полиција

Повредена малолетничка во сообраќајка во Гевгелија- едното возило е сопственост на австриската полиција

Вчера во 15.00 часот било пријавено дека во Гевгелија, на крстосницата од ул.„Таља Бикова” со ул.„Маршал Тито”, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген транспортер“, со австриски национални ознаки, сопственост на австриската полиција, управувано од С.О.(26), полициски службеник од Р.Австрија и патничко возило „опел мерива“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(38) од Гевгелија.

Во незгодата со повреди се здобила малолетна сопатничка од Гевгелија од возилото „опел мерива“, констатирани во Општата болница Гевгелија.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на Полициската станица Гевгелија.

Коронавирус