среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Македонија

Посебен режим на сообраќајот во недела во Скопје

Посебен режим на сообраќајот во недела во Скопје

На 06.10.2019 (недела) во времето од 08.00 до 11.30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка „Скопје трча 10К 2019“, и тоа трка на 10 км и штафетна трка 2 х 5 км.

Притоа, предвидената траса на движење е од бул.„Илинден“ (во двете насоки), крстосницата со ул.„Наум Наумовски Борче“ (фонтана Градски парк) до крстосницата со ул.„Никола Парапунов“, потоа лево по ул.„Никола Парапунов“, десно по бул.„Партизански Одреди“ до крстосницата со ул.„Ангел Динев“ (мост Влајко), полукружно назад по бул.„Партизански одреди“ (во насока кон „Сити Мол“) до крстосницата со ул.„Љубљанска“, па полукружно назад по бул.„Партизански одреди“, десно по ул.„Никола Парапунов“ и десно по бул.„Илинден“ до целта (фонтана Градски парк).

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.