сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Македонија

Поранешен директор на Попова Шапка: Физибилити студијата е обработен плагијат, и нималку сериозна

Поранешен директор на Попова Шапка: Физибилити студијата е обработен плагијат, и нималку сериозна

Обработен плагијат и нималку сериозна, така ја оценува поранешниот директор на Попова Шапка, Менан Мемеди, физибилити студија, која граѓаните ја чинеше 200 000 евра, откако вчера учествуваше во презентацијата на оваа студија, која во присуство на претставници на извршна и општинска власт, без присуство на медиуми и ограничен број на граѓанскиот сектор, се случи зад затворени врати, пренесува Порталб.мк.

Според Мемеди, ова е причината зошто на новинарите не им беше дозволено да учествуваат на презентацијата на студијата вчера.

– Очекував нешто посериозно, ова не беше физибилити студија, туку само кратка историја на Попова Шапка и некои предлози што сме ги слушале постојано. Имаше многу неизвесности околу продажбата или приватизацијата на „Попова Шапка“, претежно оваа презентација беше разочарувачка и сметам дека е преработен плагијат. Мислам дека тоа беше и причината зошто компанијата PWC не дозволуваше новинарите да влезат внатре. Информациите што ги имаа тие не беа изворени, само напишале нешто само за да ги земат парите и толку, рече Мемеди за Порталб.мк, кој очекува ЕЛЕМ Турс да организира отворена дебата каде ќе учествуваат заинтересираните граѓански организации, граѓаните а и општина Тетово да биде вклучена во овој проблем.

Извор: Порталб.мк