понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 97
home Македонија

Подгответе: Брза и вкусна шпанска пита

Подгответе: Брза и вкусна шпанска пита

Немате идеја за денешно јадење? Подгответе брза и вкусна шпанска пита.

Состојки:

3 јајца

200 гр паризер

150 гр сирење

2 кисели пиперки

2 кисели краставички

3 мали шолји брашно

1/2 шолја масло

малку сол

1 прашок за печиво

малку сусам

Начин на подготовка:

Разматете белки во цврст снег па додајте жолчки. Брашното измешајте го со печиво, па полека додавајте го во смесата и мешајте со лажица.

Додајте масло, сечкан паризер, пиперки, сирење и кисели краставички. Обложете тепсија со хартија за печење па излејте ја изедначената маса. Посипете со сусам и печете на 190 степени 30 минути.

Коронавирус