среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 135
home Македонија

Пирло пред дуелот со Барселона: „Меси има проблем со психата, не со фудбалот“

Пирло пред дуелот со Барселона: „Меси има проблем со психата, не со фудбалот“

Фудбалерите на Барселона вечерва на свој терен играат против Јувентус во последниот натпревар од групната фаза во ЛШ.

Барселона и Јувентус веќе го осигураа пласманот во нокаут фазата, а вечерва повторно ќе биде се во знакот на дуелот Роналдо – Меси.

Роналдо е во добра форма, но за Меси тоа не може да се каже. Аргентинецот одамна не играл така лошо и јасно е дека не му оди според планираното.

Околу тоа на прес конференцијата зборуваше и Андреа Пирло кој изјави дека Меси има некои други проблеми. Тоа најјмногу се должи на фактот што клубот не му дозволи да замине пред почетокот на сезоната.

„Меси се наоѓа во посебен момент од животот, не само во кариерата, поради проблемите кои ги имаше летоска. Го мачи дали ќе остане во Барселона или не. Тој и оваа сезона ја покажа својата вредност, но мислам дека повеќе има психолошки проблеми, отколку фудбалски. Меси е феномен и тоа го покажува целата кариера.“ – рече Пирло.

Барселона во првиот натпревар славеше во Торино со 2:0 и јасно е дека вечерва имаат улога на фаворит.

Локални избори 2021