сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 89
home Македонија

Пике го искажа своето мислење за можното заминување на Меси од Барселона

Пике го искажа своето мислење за можното заминување на Меси од Барселона

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике смета дека управата на клубот треба да се договори со напаѓачот Лионел Меси.

Не го гледавме Меси толку често во овој период. Негова лична одлука беше да ја напушти Барселона, колку што знам. Лео како никој друг, го заслужи правото да направи избор, го цитира Пике „ЕСПН“.
Да бев претседател, ќе се однесував поинаку. Едноставно, треба да се договорите со играчот кој даде многу на клубот во текот на овие 16 години. Меси заслужи многу, новиот стадион на клубот треба да биде именуван во негова чест, додаде Пике.

Во летниот преоден рок, 33-годишниот Аргентинец сакаше да ја напушти Барселона. Главен претендент за Аргентинецот беше Манчестер сити. (МИА)

Коронавирус