Во гостување во Алфаскоп денеска членот на новиот извршен комитет на ВМРО – ДПМНЕ Златко Перински кажа дека периодот кој што следи интензивно е насочен кон решавање на надворешно-политичките прешања на Република Македонија. Како што кажа Перински овие прашања кои што после неколку децении сеуште се отворени за Република Македонија се суштински и треба така да се престапи.
Тој истакна дека загрижува фактот што ниту јавноста во Република Македонија, а ниту ВМРО – ДПМНЕ како најголема опозициска партија во моментов нема никаква информација до каде се преговорите и што се разговара со нашиот Јужен сосед околу спорот со името.
-Она што дополнително го гледаме како ризик е што изминативе неколку дена навеа некоја информација дека веќе има и тајни преговори што се надвор од рамките на Обединетите Нации што дополнително стана како фактор ризик и сметаме дека доколку се излезе од овие официјални преговори под покровителство на меѓународната заедница постои дополнителен ризик Македонија да биде единствениот губитник во овие разговори. Затоа во таа насока сметаме, бараме и очекуваме од владејачката СДСМ во најбрз можен рок да не вкличи нас како политички субјект во овие преговори, бидејќи сметаме дека имаме многу што да допринесеме првенствено за суштинските прашања, а нема нешто што е по суштествено за Република Македонија од спорот со нашиот јужен сосед.
Перински нагласи дека оваа дневна политика која што не е базирана на ниту еден аргумент и практично се лиферува во јавноста не е реалната слика која што се шири од страна на СДСМ. Перински вели дека проблемот е што преговорите течат во една тајност што дополнително создава една неизвесност кај граѓаните на Република Македонија и не се дава можност ВМРО – ДПМНЕ како опозициска партија навистина да придонесе на било каков начин.
Дополнително загрижува фактот што претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев пред неколку дена изјави дека Република Македонија нема црвени линии во преговарачкиот процес што навистина за нас е несватливо, кажа Златко Перински.
-Ставот на ВМРО – ДПМНЕ веќе подолго време е претставен во јавноста и претпоставувам дека сите граѓани на Република Македонија многу добро го знаат. Тоа е став кој што сакам да го повторам, а тоа е дека ВМРО – ДПМНЕ нема да се сложи за промена на устав за промена на уставното име што е многу добро познат наш став.
Златко Перински истакна дека навистина не се знае каде и кон која цел водат сите овие преговори кои што во моментов се случуваат. Перински вели дека дополнително со такви несериозни и неиздржани изјави во јавноста од страна на претседателот на Владата на Република Македонија дека преговарачката мисија нема и не познава црвени линии само му помагаат на нашиот Јужен Сосед и дополнително ја зајакнуваат неговата позиција.
-Она што загрижува е што овие преговори навистина се од суштинско значење за иднината на Република Македонија и длабоко допираат во нашиот идентитет и во смисла на она во која насока нашата држава ќе се движи во идниот период и на кој принципи и на кој начин ќе функционира. Затоа сметам дека најитно треба ВМРО – ДПМНЕ да биде вклучена во овие преговори зошто во нашите редови има искусни лица кои што се бават со оваа проблематика и во многу нешта можат да придонесат, а се со една и единствена цел Република Македонија да не биде оштетена онатму каде што највеќе боли.