сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 0
home Македонија

Пецаков: Поддржете нè и заедно да создаваме нова и светла иднина за Охрид!

Пецаков: Поддржете нè и заедно да создаваме нова и светла иднина за Охрид!

Поддржете нè и заедно да создаваме нова и светла иднина за Охрид! Големите одлуки зависат од вас, мои охриѓани. Победа е да имаме заедничка цел, истакна во денешното свое обраќање до граѓаните кандидатот за градоначалник за општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков.

Во продолжение интегрален текст и видео од обраќањето на Пецаков:

-Не смееме да останеме заглавени во хаосот поради безидејноста и проблемите создадени од власта.
Не сме сите исти.

Ние сме заедно со народот, гарантираме и нудиме нов почеток, замена на апатијата со надеж, заеднички да ја победиме неспособноста, да се избориме за Охрид и Македонија.

Ние одлучуваме. Секој глас е важен. Казнете ги погрешните политики на власта со кои ја одзема нашата колективна иднина.
Ве повикувам на 17 октомври да излеземе сложно и заедно да победиме уште во првиот круг.

Поддржете нè и заедно да создаваме нова и светла иднина! Гласајте за проекти, промени, победи наместо за измами!

Јас верувам во вас, верувајте и вие во мене! Доаѓаат подобри времиња, подобро утре за сите. Имаме вредни луѓе, одлични идеи. На наша страна се знаењето и работата. Храбро да чекориме заедно напред!

Да започнеме со обновата на урнисаното достоинство на Охрид! За нас, за нашите деца! Промените за Охрид доаѓаат!, порача Пецаков.

Коронавирус