четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Македонија

Партијата на Каракачанов протестира против кревање на ветото: „Македонија е бугарска“ (ФОТО)

Партијата на Каракачанов протестира против кревање на ветото: „Македонија е бугарска“ (ФОТО)

Во Кресна најавен е широк национален протест од ВМРО. Причината е темата Северна Македонија и нејзиното членство во Европската Унија. Протестот е насловен „Не ја предавај Македонија“, пишува БНТ.

Насобраните го блокираа сообраќајот на главниот пат Е-79 во атарот на градот Кресна. Најавија дека потоа цел ден ќе возат со автомобили со 20 км/ч во правец Кресна – Благоевград и назад.

Причина за протестот, според нив, е колебливиот став на владата и премиерот Кирил Петков во однос на Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Премиерот вчера го повика претседателот Радев да го свика Советот за национална безбедност на оваа тема. Токму против ова барање се изјаснува ВМРО.

– Ќе се обидат да го сменат ставот во насока „да ги оставиме да почнат да преговараат, па ако е така, ќе ги запреме“. Жал ми е за тешкотиите што ќе наидат, но на крајот, Македонија е национална кауза и за тоа мора да се направат некои жртви, вклучително и непријатностите на патот, рече потпретседателот на ВМРО, Ангел Џамбазки.

Засега не е планиран поголем протест во Софија, но партијата соопшти дека планира да протестира во наредните денови на клучните патишта во земјата и на граничните премини со Македонија.

Целта е Бугарија да не отстапи од барањата за контроверзните прашања, поради што стави вето на преговорите на земјава за членство во ЕУ.

Коронавирус