сабота, 17. август 2019. Вести денес: 38
home Македонија

Парите не ми значат кога се за облека: Катица Јанева за прв пат во јавноста откри дека сака да биде пратеник или градоначалник во иднина

Парите не ми значат кога се за облека: Катица Јанева за прв пат во јавноста откри дека сака да биде пратеник или градоначалник во иднина

По објавување на третата видео бомба на италијанскиот весник „Ла Верита“ јавноста е сведок за вистината за изнудениот рекет од страна на Боки 13 врз Орце Камчев во кој според видеото учествувала и самата Катица Јанева.

Таа од почетокот на своето назначување беше под бурно око на јавноста, па за неа се сними и филм, а во јавноста беше фаворизирана како носител на правдата во Македонија, па дури јавни личности носеа маички со нејзиниот лик.

Па така во снимениот филм за неа во 2017 година таа зборува што би правела по завршување на мандатот, но откри и дека сака да носи скапа облека.

-Имам понуди од разни креатори и разни луѓе, благодарност до нив, за тоа како треба да се облекувам, но јас мислам дека сум нормална македонска жена и така функционирам. Продолжувам да бидам истата како што бев во Гевгелија така и сега кога сум специјален јавен обвините. Сакам да се облечам, различно да се облечам, не ми значат парите во тој дел дали е скапо или евтино и дали само јас ќе го носам, напротив за мене тоа е нормална работа, вака зборуваше Катица Јанева во филмот снимен за неа, Ленче и Фатиме, именуван како „Трите“ пред две години.

Инаку КОД неодамна објави фотографија од Катица Јанева од ова зимо каде беше облечена во бунда која наликува на моделите на „Фенди“ и „Том Форд“ очила за сонце, а нејзиниот изглед се сменил од самиот почеток кога беше критикувана за стилот на облекување, па се до денес, објавува КОД.

Таа во истиот краткометражен филм првпат јавно откри дека сака по завршување на својата кариера во СЈО доколку се презасити со истата, сака да стане градоначалник на Гевгелија или пак пратеник и да се впушти во политичките води.