понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 67
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Македонија

Пандемијата „ги врза“ парите во спортот

Пандемијата „ги врза“ парите во спортот

Заразени спортисти, тренери и стручен персонал, празни стадиони, прекинување на скоро сите натпреварувања, неизвесни датуми и формати за враќање се само некои од најголемите проблеми предизвикани од коронавирусот.

Последниот во серијата што е актуелен во сите спортови е тој од финансиска природа.

Имено, има се почести случаи кога клубовите се принудени да отпуштаат членови за да преживеат. Работниците се отпуштени од оние на стадионите и салите, преку економистите, дури и до самите играчи и членовите на стручниот штаб.

Клубовите ширум светот, финансиски богати, стабилни, но и оние со далеку помалку ресурси, се принудени на компромис заради недостаток на пари од телевизиски права, натпреварувачки бонуси, спонзорства и други приходи.

Далеку од тоа дека нема убави гестови во ваква ситуација.

Во последниве денови, светот успеа да се убеди во дарежливоста на разни спортисти, тренери и сопственици на клубови, кои донираа милиони и милиони долари и евра во хуманитарни цели, помагајќи му на здравството ширум светот да застане на нозе.

Бројни спортисти, дури и тимови, се откажуваат од дел од своите плати со цел споменатите клупски работници да ги задржат своите работни места.

Тоа е уникатен гест на најголемите клубови на Бундеслигата, Баерн, Борусија Дортмунд, Баер и Лајпциг, кои издвоија 20 милиони евра за да и помогнат на остатокот од Бундеслигата и на втората лига.

Сепак, има средини и екипи каде досега нема компромис, па клубовите се принудени да преземаат екстремни мерки.

Динамо од Загреб им врачи откази на сите први асистенти на тренерот Бјелица, бидејќи тие ја отфрлија понудата за намалување на платите за времетраењето на коронавирусот, пренесуваат хрватските медиуми.

Членовите на сите делови на шпанска Барселона, исто така, не го прифатија предлогот на одборот да се откажат од 70 проценти од заработката, како што пренесува „АС“.

„Блаугранас“ плаќа надоместоци од 500 милиони евра годишно за фудбалскиот тим, па доколку не се постигне договор, следниот чекор е откази.

За време на паузата НБА бележи загуби од милијарди долари. Клубовите и спортистите сами се откажуваат од дел од својата плата за да ги задржат работниците.

Според „ЕСПН“, на играчите ќе им бидат исплатени платите до април, но се очекува платите во целост да бидат значително намалени или суспендирани, што лигата може да го направи благодарение на опцијата во колективен договор.

Велика Британија и фудбалот таму се, исто така, силно погодени од коронавирусот. Англиската фудбалска лига (која се грижи за вториот, третиот и четвртиот ранг во Англија) издвои 50 милиони фунти за да им помогне на најзагрозените клубови, чие функционирање е во опасност.

Здружението на играчи во Премиер лигата се состана со лидерите на натпреварувањата за да разговараат за чекорите во една од најсилните лиги во светот на спортот. Покрај предлогот за намалување на платите, британските медиуми соопштија дека се разгледува и финансиски заем што ќе бараат одредени клубови од владата на Англија.

Коронавирус