вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 76
home Македонија

Падна договор: Ешли Јанг доаѓа во Интер

Падна договор: Ешли Јанг доаѓа во Интер

Интер и Манчестер Ј. си подадоа рака. За сума од 1,5 милион евра, капитенот на „црвените ѓаволи“, Ешли Јанг за некој ден ќе стане нов фудбалер на „нероаѕурите“.

Веста вечерва ја потврдија и италијански и англиски извори. 34-годишниот фудбалер ќе биде подложен на лекарски прегледи во Италија утре, пред да потпише 18-месечен договор со екипата предводена од Антонио Конте. Јанг треба да го напушти Олд Трафорд по скоро девет години поминаи во клубот, откако дојде од Астон Вила во 2011 година.

Интер веќе извесно време се обидуваше да го добие Јанг, но Јунајтед не сакаше да го пушти да замине во средината на сезоната. Сепак, по разговорите и со фудбалерот, од клубот ја прифатиле реалноста и неговата желба да замине.

Јанг е третиот играч на Јунајтед кој му се придружи на Интер во изминатите шест месеци, по Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.