вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 6
home Македонија

Овој работник заслужува вистински медал- ќе му симнете капа поради тоа што го направи на автопатот Кичево- Охрид, а го виде целиот свет

Овој работник заслужува вистински медал- ќе му симнете капа поради тоа што го направи на автопатот Кичево- Охрид, а го виде целиот свет

Македонија не може да се пофали како земја со добра сообраќајна култура. Возењето во спротивна насока, паркирањето на недозволени места, непочитувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација е секојдневие во Македонија. За среќа постојат и исклучоци.

Така во јуни 2015 година додека екипа на Google StreetView беше во посета на нашата земја, на регионалниот пат Кичево – Охрид еден вработен во Синохидро беше „фатен” како го чисти коловозот од цигли кои му се скршиле при транспорт.

Доколку се движите на следниот линк ќе забележите како човек во средни години на спротивна лента без никаков помошен алат, рачно ги отстранува искршените цигли од коловозот, а само неколку метри потоа се наоѓа и неговиот службен камион паркиран на крајната десна лента.

Секако дека ова треба да биде вообичаена практика, но секоја чест за возачот кој наместо да продолжи да вози (нешто што би го направиле повеќето возачи) застана и во име на безбедноста во сообраќајот го исчисти коловозот.

Секоја чест, заслужува медал.

ИЗВОР:АУТОКЛУБ