вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 67
home Македонија

Оливеира премина од Порто во Рома

Оливеира премина од Порто во Рома

По седум години минати во редовите на португалскиот гигант Порто, 29-годиишниот играч за врска Серхио Оливеира одлучи да ја промени клупската средина и до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер во калчолигашот Рома.

Италијанскиот прволигаш за услугите на Оливеира ќе му плати на Порто еден милион евра, а на крајот на сезоната ќе има можност и да го откупи неговиот договор за 13 милиони евра.

Оливеира речиси целата своја кариера беше дел од Порто, а ги мина и сите репрезентативни возрасти во португалскиот дрес, вклучувајќи и осум настапи за сениорскиот тим.

Неговото деби се очекува идниот викенд кога на „Олимпико“ во Рим ќе гостува Каљари.

Коронавирус