петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Македонија

Од прва рака: СДСМ го призна притисокот врз судството со вчерашниот марш

Партијата на власт и ден-денеска негира дека насила, неуставно со прегласувања, без 81 туку со 80 пратеници изгласаниот и на мускули донесениот Закон за ЈО е реално, закон за амнестија на нивниот лидер Заев. Закон, кој не бадијала го доби прекарот ЗОКИЕВ ЗАКОНИК. Негираат и дека истиот можел да се поништи. Правниците, пак, кои никој не ги слушаше и при неговото носење, велат дека Законот за ЈО ги соддржи сите можни елементи за негово поништување без никаков правен проблем. Вистинскиот проблем е што истиот, за да се прочисти од аменстии и скриени помилувања на врхушката на СДСМ, треба да почека подобри времиња, односно тргање на владејачката партија од власт со априлските избори, што во превод ќе значи и тргање на нивните раце од судството.
Од прва рака: СДСМ го призна притисокот врз судството со вчерашниот марш
СДСМ заедно со граѓаните продолжува со заложбата за неселективна правда и правна држава. Основата за тоа е поставена од мнозинството пратеници преку изгласаниот Закон за јавно обвинителство, рече денеска на прес-конференција Снежана Калеска- Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на Жени на СДСМ, која денеска излезе на прес-конференција во партијското седиште за да меѓу редови признае дека вчерашниот „марш“, кој со својата неоснованост ја вчудоневиди државата, бил за да направат притисок за забрзување на случаите отворени контра нивните политички противници.
Пратеничката на СДСМ призна што била целта на т.н. сендвич-марш: „Граѓаните преку маршот за правда уште еднаш им порачаа на правосудните органи дека тие се на потег да ја обезбедат правната држава и да ги завршат сите започнати судски постапки.“
Граѓаните со право се незадоволни од состојбата во судството, вели пратеничката на СДСМ која во рамки на своето владеење ја доби најлошата оценка на граѓаните за судството токму поради своите притисоци кои се јавна тајна во Македонија. Порача и дека дури и тие во СДСМ биле незадоволни од испорачаното во делот на правдата. Не појасни дали тоа се однесува на фактот што нема драконски и неосновани пресуди за случаите на „Т“ на СЈО, кои се таму каде што се токму поради недостиг на докази, насила темелени на индиции или т.н. пуста желба на екс Бихаќка.
„Ние како политичка партија го завршивме нашиот дел од задачата- го донесовме Законот за јавно обвинителство, Законот за Совет на јавни обвинители, Законот за судови и сега е време правосудните органи да ја воспостават правдата. Ние тргнавме по правиот пат кон независно судство и кон Европа и нема враќање назад“ порача Канческа-Ванчева во манир на познатиот декларативно-позитивистички и неаргументиран вокабулар на кујната од екс Бихаќка.
Партијата која парадоксално успеја да ги фати сите можни кривини по „правиот пат“, и ден-денеска негира дека насила, неуставно со прегласувања, без 81 туку со 80 пратеници изгласаниот и на мускули донесениот Закон за ЈО е реално, закон за амнестија на нивниот лидер Заев. Закон, кој не бадијала го доби прекарот ЗОКИЕВ ЗАКОНИК. Негираат и дека истиот можел да се поништи. Правниците, пак, кои никој не ги слушаше и при неговото носење, велат дека Законот за ЈО ги соддржи сите можни елементи за негово поништување без никаков правен проблем. Вистинскиот проблем е што истиот, за да се прочисти од аменстии и скриени помилувања на врхушката на СДСМ, треба да почека подобри времиња, односно тргање на владејачката партија од власт со априлските избори, што во превод ќе значи и тргање на нивните раце од судството.
Тој чин, велат познавачите за Курир, ќе означи вистинско ослободување на судството и обвинителството, а не декларативните ламентации и нелогични сендвич-маршови на СДСМ.

Коронавирус