среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Македонија

Од 300 денешни дојави за бомби во српските училишта, 224 биле лажни

Од 300 денешни дојави за бомби во српските училишта, 224 биле лажни

Екипите на МВР до 13 часот извршиле увид во вкупно 224 училишта на териториите на училишните управи на Нови Сад, Ниш и Лесковац, кои претходно добиле дојава дека е поставена експлозивна направа, во кои е утврдено дека тие биле биле лажни, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти министерството за образование, наука и технолошки развој, дојава за поставени бомби во училиштата во Нови сад добиле 137 училишта, а до 13 часот екипите на МВР извршила увид во 125 институции.

Во Ниш контролирани се 56 училишта од вкупно 71 што добиле пријава.

Во Лесковац дојава добиле 91 училиште, а до 13 часот преглани се 43 училишта.

Во училиштата што се уште не се прегледани, наставата ќе се одржува онлајн, се наведува во соопштенеито на Министеството за образование, во кое се додава дека училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за начинот на организирање на наставата и враќање на непосредна настава.

Коронавирус