недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Македонија

Нов бисер на премиерот: Според Заев Велика Британија го отстапи своето место во ЕУ за Македонија

Нов бисер на премиерот: Според Заев Велика Британија го отстапи своето место во ЕУ за Македонија

Денеска Зоран Заев оствари официјална средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц при што премиерот изјави дека Велика Британија на Македонија и го отстапила своето столче за влез во ЕУ. “Ние сакаме да бидеме земја дел од ЕУ, а впрочем еве и Британија ни ослободи место за да можеме ние да заземеме место во ЕУ. Секако ние ќе работиме на тој пат и зависи од успешноста на нашите реформи.” По оваа скандалозна изјава Заев дури додаде дека ние веруваме во ЕУ до небо, повеќе и од самите земји членки на ЕУ.