среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Македонија

Носењето маска на отворено стана задолжително во Техеран

Носењето маска на отворено стана задолжително во Техеран

Иранскиот претседател Хасан Рохани им соопшти на Иранците дека носењето маска на отворени јавни места во главниот град Техеран станува задолжително, а оние што нема да ја почитуваат оваа нова мерка ќе бидат казнети.

Иран поминува низ третиот бран од епидемијата, а дневниот број на смртни случаи неделава достигна црн рекорд, со 239 лица жртви на инфекцијата со коронавирусот.

Во последните 24 часа во земјата умреа 195 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од коронавирус достигна 28.293, а бројот на заразени во просек дневно изнесува 3.875, соопшти Министерството за здравство, пренесе Гардијан.

Иран уште во јули ја воведе обврската за носење маска на затворени јавни простории, но без казни за прекршителите на оваа мерка. Маските сега се задолжителни и на отворен и на затворен јавен простор во Техеран.

Рохани во телевизиско обраќање рече дека сите што ќе се најдат без маска ќе бидат казнети со 500 ријали, а заразените кои не биле во карантин ќе треба да платат два милиони ријали (речиси 2.000 американски долари).

Британските медиуми пренесуваат дека од 3 октомври во Техеран се затворени училиштата, продавниците, рестораните и другите јавни институции.

Коронавирус