четврток, 23. март 2023. Вести денес: 75
home Македонија

Неочекувано доживување: Македонската пејачка отиде во Истанбул, а таму се сретна со убавата актерка од „Карасевда“ (ФОТО)

Неочекувано доживување: Македонската пејачка отиде во Истанбул, а таму се сретна со убавата актерка од „Карасевда“ (ФОТО)

Истанбул самиот по себе е вистинско доживување, а особено ако сте љубител на турските серии кои се прикажуваат кај нас, па и на местата каде се снимени многу сцени.

Нашата поп-пејачка Александра Михова деновиве замина да ги ужива убавините на прекрасниот град на Босфорот, знаменитостите, чаршијата, оригиналното турско кафе, но и да дочека една посебна средба.

Имено, според она што го објавува на социјалните мрежи, Александра е голем љубител на сериите, па коцките се споија да има можност да ја сретне и актерката Зерин Текиндор која ја игра улогата на Лејла во актуелната серија „Карасевда“ ,која се прикажува на телевизија Сител.

Секако, нашата пејачка не ја пропушти приликата да се фотографира заедно со Зерин, а фотографијата и моментот кои сигурно ќе ги памети, ја објави на својот Фејсбук профил.

Оние кои ги следат сериите, веројатно ќе посакаат да бидат на нејзиното место.

loading...