сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Македонија

Народот се крева против капитулантскиот договор на Заев

Народот се крева против капитулантскиот договор на Заев

Капитулантскиот договор кој премиерот Зоран Заев го договори со грчкиот премиер Алексис Ципрас, за името на Република Македонија, а вчера беше потпишан во грчкиот дел од Преспа од страна министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Токму тој договор беше причина за голем број македонски граѓани да го покажат својот револт, своето незадоволство од промената на Уставот која е најавена. Голем број граѓани решија да излезат на протести против промената на името, голем број универзитетски професори, доктори, адвокати, земјоделци, млади и стари сите заедно излегоа на улиците да кажат не за договорот кој вчера беше потпишан.

Првиот протест против овој договор за промена на името, беше во средата пред Собранието во Скопје, каде голем број граѓани се собраа пред Собранието и јасно и гласно кажаа дека се против капитулантскиот договор на премиерот Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Од тогаш секој ден граѓаните се собираат на протести за искажување на револтот.

Вчера голем протест во Битола против овој капитулантски договор организираше ВМРО-ДПМНЕ, каде на улиците во градот се собраа околу 20 илјади луѓе. Предводник на овој протест беше претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

Уште еден протест организиран од граѓаните имаше и во Скопје, каде голем бројка на луѓе со собраа, а имаше и инциденти, полицијата употреби солзавец и шок бомби. Многумина од луѓето кои беа на протестот велат дека полицијата употребила прекумерна сила за која немало потреба.

Демонстрантите вчера ја повикуваа полицијата да им се придружи и заедно да го бранат името на Македонија.

На протестот вчера имаше голем број на интелектуалци, професори, јавни личности, а дел од нив минаа и со повреди, како што беше актерката Арна Шијак. На социјалните мрежи голем број од овие јавни личности се пожалија на односот на полицијата и на силата која беше применета.

Голем сенароден протест против промената на името се најавува и за 23 јуни, граѓаните велат дека треба да се спречи овој хорор додека не е предоцна.

Коронавирус