недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Македонија

Над 10.000 починати од коронавирус во Русија

Над 10.000 починати од коронавирус во Русија

Од почетокот на епидемијата со Ковид-19 бројот на смртни случаи во Русија надмина 10.000 лица, а само во последните 24 часа се регистрирани нови 168 умрени лица.

Во сите руски региони од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 674.515 инфекции со коронавирус, а во последните 24 часа се заразени нови 6.632 лица, соопшти рускиот Кризен штаб.

Кај 29,6 проценти од пациентите немало клиничка слика за коронавирус, или тие биле асимтоматски.

Според Кризниот штаб, во моментов во земјата има 217.609 активни случаи.

Најголем број новозаболени има во Москва, каде се регистрирани 680 нови случаи.

Коронавирус