петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Македонија

На изборите во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус на излезност

На изборите во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус на излезност
МИА

Во Општина Центар Жупа во првиот круг од локалните избори не е избран нов градоначалник, бидејќи не е обезбеден потребниот цензус на излезност од една третина од вкупно запишаните гласачи во единствениот избирачки список, потврди за МИА, претседателот на ОИК, Неџип Илјаз.

„Право на глас во оваа печалбарска општина имаа 7.317 а го остварија 25 отсто“, додаде Илјаз.

Во трката за градоначалник беа актуелниот Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, кој довербата од неговите сограѓани ја бара по трет пат и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците.

Ибраим, според иформации од неговиот Изборен штаб добил над 850 гласови повеќе од неговиот потивкандидат Шаќир. За неговите прврзаници и за поголем број жители ова е последователна победа на Ибрам, што ја одбележаа во центарот на Центар Жупа.

За 11-те советнички места имаше шест листи и тоа од Турската демократска партуја, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Партијата движење за национално единство на Турците и ДУИ.

На локалните избори во 2017 година, вториот мандат Ибраим го обезбеди во првиот круг, кога доби над илјада гласови повеќе од неговиот противкандидат. Тогаш од вкупно запишаните 6.810 гласачи, правото го искористиле над 40 отсто.

Коронавирус