четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 98
home Македонија

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ има конечен став како политичка партија, референдумот не беше успешен

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ има конечен став како политичка партија, референдумот не беше успешен

Се очекува дека пратениците ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат ставот на партијата, а тоа значи дека тука нема простор за дополнителна дискусија, изјави Тимчо Муцунски за интервју на Ал Џезаира.

На прашањето дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат уставните промени, Муцунски одговори дека тоа што е сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ има конечен став како политичка партија, во врска со тоа што се случи на 30-ти септември. Односно резултатите од референдумот.

Во Република Македонија точно е дека се одржаа консултативен референдум, од што резултатите треба да се земаат во обзир, консултативност и овој случај во склад со македонскиот правен систем има правно дејство, а тоа значи дека референдумот беше неуспешен, односно повеќе граѓани не излегоа околу 50%, што значи дека граѓаните го отфрлија предложениот договор во Преспа. Односно договорот потпишан помеѓу Република Македонија и Република Грција.  Се очекува дека пратениците ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат ставот на партијата, а тоа значи дека тука нема простор за дополнителна дискусија, потенцираше Муцунски