понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Македонија

Мицкоски: „Кацарска судството“ ќе дојде време кога ќе заврши

Мицкоски: „Кацарска судството“ ќе дојде време кога ќе заврши

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Отвореното студиo на телевизија Алфа говорејќи како што вели за политичкиот прогон кој го спроведува актуелната власт, поточно за политичкиот процес против екс премиерот Никола Груевски посочи дека ќе дојде времето кога ќе заврши Кацарска судството. Мицкоски ја спомена судијката Добрила Кацарска која го водеше предметот на СЈО ,,Тенк” во кој е обвинет почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, токму за неа Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека го дискриминирала екс премиерот Никола Груевски.

– Судството не само што не се реформира и не иде напред туку дополнително се влошува состојбата. Но морам да кажам дека Кацарска судството кога тогаш ќе заврши и ќе дојде вистински судство со вистински судии кои што ќе судат непристрасно и ќе бидат ослободени од стегите на политичарите, вели Мицкоски.

Коронавирус