недела, 7. март 2021. Вести денес: 54
home Македонија

Мицкоски: Германија, Шкотска, Ирска, Романија се дел од земјите кои ги одложија пописите, само Заев тера политички фалсификат

Мицкоски: Германија, Шкотска, Ирска, Романија се дел од земјите кои ги одложија пописите, само Заев тера политички фалсификат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција наведе неколку земји кои, како што рече, се многу поразвиени од Македонија, а кои што веќе го одложија пописот.

-Имено, Германија пописот планиран за 2021 година го одложи за мај 2022 година. Шкотска пописот планиран за 2021 година го одложи за март 2022 година. Ирска пописот планиран за 2021 година го одложи за април 2022 година. Неколку примери од соседството Романија пописот планиран во 2021 година поради КОВИД пандемијата го одложи за јуни 2022 година. Соседна Србија за октомври 2021 година, Бугарија исто така. А, во план е и Хрватска да го одложи пописот поради КОВИД пандемијата и се разбира ужасната несреќа, природна непогода која што се случи поради земјотресите во областа на градот Петриња, и така натаму има уште многу примери за кои што би можел сега да дискутирам. Но, да не ја оптеретувам оваа прес конференција. Да заклучам станува збор за многу поразвиени држави од нашата но и држави од соседството кои што поради неможноста да се спроведе оваа статистичка операција истата ја одложија за една година, нагласи Мицкоски.

Коронавирус