недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Македонија

Мицкоски: Без македонизмот нема вредности во иднина

Мицкоски: Без македонизмот нема вредности во иднина

Заборавиле дека ние од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“ заедно со најголемиот дел граѓани во Република Македонија без разлика на етничката припадност легнуваме со посебна мисла за Македонија и се будат со прва мисла за Македонија тие не се како луѓето од врхушката на СДСМ да мислат за Македонија од избори на избори ние мислиме за Македонија од прв до последен од почетокот до крајот на денот тоа не прави нас поразлични од вас господа од СДСМ, изјави попладнево Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот одржан во скопската Општина Ѓорче Петров.

„За нас Македонија е емоција, за нас Македонија е љубов, за нас Македонија е прва и последна љубов, за нас Македонија е и соседот, роднината, колегата, за нас Македонија е другарот, партијата, коалицијата, за нас Македонија е се тоа што не прави нас поразлични од вас господа од врхушката на СДСМ и ние секој ден ќе зборуваме и ќе мислиме како да се избори. Затоа што Македонија нас не мотивира.“

-Велат ние сме останати во минатото они одат кон иднината, одат напред ама со полни кеси пари кои ги украдоа од народот, ние се бориме Македонија да биде честита држава. И требаме како никогаш досега на татковината но истовремено се бориме заедно со најинспиративниот професор на правниот факултет да победиме на претседателските избори. Потоа доаѓаат предвремените парламентарни избори. Имаме подготвено изборна програма во 3 столба првиот столб е подобар квалитет на животот, вториот економија работни места, третиот македонизмот, без македонизмот нема вредности во иднина, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус