понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Македонија

Mедицинско лице од Хонг Конг е првиот обвинет со новиот закон за национална безбедност

Mедицинско лице од Хонг Конг е првиот обвинет со новиот закон за национална безбедност

Човек кој носеше транспарент на кој пишуваше „Ослободете го Хонг Конг“ и се втурна со својот мотор во полиција за време на антивладините протести во средата е првото лице обвинето за поттикнување сепаратизам и тероризам според новиот закон за национална безбедност на таа полуавтономна кинеска територија.

На видеото објавено на интернет се гледа 23-годишниот Тонг Јунг-кит соборува неколку полицајци во тесна улица со мотор, по што паѓа од неговиот мотор, а потоа е уапсен.

Полицијата соопшти дека некои од полицајците биле повредени, а Тонг, кој е медицинско лице е хоспитализиран.

Тонг беше обвинет за помалку од 24 часа откако владата на Хонг Конг објави дека транспарентот  „Ослободете го Хонг Конг – револуција на нашето време“ содржел сепсаристичка или субверзивна конотација според новиот закон.

Новиот закон за национална безбедност стапи во сила во Хонг Конг на 1 јули, на 23-годишнината од британското предавање на Хонг Конг на Кина во 1997 година.

Законот го криминализира отцепувањето, субверзијата, тероризмот и договори со странски сили, а лицата осудени за такви кривични дела можат да бидат осудени на доживотен затвор.

Коронавирус