понеделник, 27. јуни 2022. Вести денес: 146
home Македонија

Макрон и Шолц со поддршка за Украина пред Бранденбуршката порта

Макрон и Шолц со поддршка за Украина пред Бранденбуршката порта

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц и дадоа „целосна поддршка“ на Украина кога синоќа заедно пристигнаа пред Бранденбуршката порта во Берлин, симболот на Студената војна, осветлена во оваа прилика во боите на земјата нападната од Русија.

„Целосна поддршка за Украина“, рече францускиот претседател кој пешки пристигна со германскиот канцелар до околу 200 луѓе собрани зад кордонот, кои го прашаа каква порака сакаат да испратат двајцата лидери со овој потег.

До 1989 година Бранденбуршката порта, сместена во центарот на Берлин, беше составен дел од ѕидот што со децении ги делеше комунистичката и западната страна на градот и стана симбол на Железната завеса.

Некои од граѓаните кои дојдоа на местото беа завиткани во украински знамиња и извикуваа Мариупол, југоисточен украински град кој во голема мера беше уништен од руската армија.

Коронавирус