вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Македонија

Лукашенко призна дека Крим е руски, Украина протестира

Лукашенко призна дека Крим е руски, Украина протестира

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го призна анектираниот украински црноморски полуостров Крим за руски, првпат по долг период на воздржаност.

– Крим е … де факто руски Крим, рече Лукашенко во интервју за руската државна агенција Риа Новости, чии извадоци беа објавени вчера.

– По референдумот, Крим стана и де јуре руски, рече 67-годишникот, мислејќи на контроверзниот референдум во 2014 година, по кој Русија го анектираше Крим и покрај острото противење на меѓународната заедница.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека „ништо не треба да се направи и не треба да се носат закони“ за признавање.

Шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба, пак, повтори дека доколку Белорусија го признае Крим како дел од Русија, тоа ќе им нанесе непоправлив удар на украинско-белоруските односи.

– Ќе ги проценуваме неговите постапки (на Лукашенко). Доколку Белорусија навистина ја признае незаконската окупација на Крим од страна на Русија, тоа ќе им зададе непоправлив удар на украинско-белоруските односи. Ние ќе делуваме сеопфатно, рече Кулеба во Рига, каде присуствуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Тој, исто така, додаде дека Крим не е прашањето „каде Украина може да си дозволи да биде воздржана“.

Коронавирус