вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 136
home Македонија

Лидија Димова никако да ја разрешат- работата ја отежнувала короната

Лидија Димова никако да ја разрешат- работата ја отежнувала короната

Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе свика седница за разрешување на директорката Лидија Димова веднаш откако ќе ги добие побараните документи од надлежни институции, објавува А1ОН.

Членовите за „А1он“ велат дека се во тек со случувањата, како и со препораката за разрешување дадена од премиерот Зоран Заев. Оттаму посочуваат дека ги разгледуваат можностите, а дека ќе постапат во интерес на заштита на државата и интегритетот на Националната агенција. одговорноста која ја имаме како УО на оваа институција, Ве уверуваме дека внимателно ги разгледуваме сите законски можности да постапиме навремено и во интерес на граѓаните и зашита на јавните средства, во интерес на задржување на интегритетот на Националната Агенција и согласно интересите кои ги имаме како земја кандидат за пристапување во ЕУ. Истовремено, пандемијата со Ковид дополнително ни го отежнува процесот, затоа ве замолуваме за разбирање. Седницата на УО ќе се свика во најскоро време, веднаш откако УО ќе ги добие потребните документи од институциите, со што ќе постои формално правен основ да постапуваме“, велат од Управниот одбор за „А1он“.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

Коронавирус