сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 63
home Македонија

Лични стории – Луѓето жртви на Ковид 19 не се бројки, тоа се луѓе со семејства, блиски и свои животи, до кога ќе бидат само статистика?!

Лични стории – Луѓето жртви на Ковид 19 не се бројки, тоа се луѓе со семејства, блиски и свои животи, до кога ќе бидат само статистика?!

Починати се 5 лица, пациент од Гостивар ( 69 ) од Прилеп ( 84 ), од Охрид ( 84 ), од Македонски Брод ( 46 ) и пациент од Штип ( 58 ), ова вчера го напипа министерот Венко Филипче во своја фејсбук објава во која ги нотира починатите како обична статистика, бројка, така и се третирани од здравствените власти само како уште една статистика.

Реалноста од другата страна на соопштенијата на Филипче со бројки, е сосема поразлична. Цели семејства се делат од своите најблиски кои прерано заминуваат од нивните животи поради пандемијата, а често и поради неадекватна здравствена заштита.

За нашата редакција зборуваше лице чиј идентитет заради евентуален реваншизам врз него од страна на власта нема да го откриеме. Лицето е вработен во здравствена установи во Скопје, неговата мајка која сега е веќе почината минува низ цела голгота и умира од Ковид 19на крај, имено таа пред две години преживеала карцином, од кој успешно се излечила и немала последици, по стартот на пандемијата и рестриктивните мерки кои настанаа на истата и слабее имунитетот и нарушена здравствена состојба, во тоа време здравствените власти бидејќи живее сама во своја куќа, го одбираат најлесниот начин и и велат дека има Ковид 19 без притоа да и се изврши тестирање, препишана и е терапија како за Ковид 19 без воопшто да се знае од што боледува, од тука почнува голготата за нејзинипт син кој 2 месеци го напуштил семејството за да ја чува мајката, за која здравствените власти немаа време да констатираат што всушност е проблемот зад компликацијата на нејзината здравствена состојба, ситуацијата се комплицира за некое време и истата е примена во една скопска клиника, откако е примена не повеќе од 3 дена жената умира, повторно врз неа не е направен Ковид 19 тест, а истата е ставена во лимен ковчег за погребување повторно без тест. Во меѓувреме синот кој 2 месеци е со неа во истата куќа е негативен. Останува неодговорено за синот и неговото семејство дали воопшто е направено се што требало за животот на нивната мајка или воопшто не и е посветно внимание.

Друг ваков случај имаме со татко на две деца, кој зад себе оставил самохрана мајка од помал град од внатрешноста на државата, а кој низ здравствените лавиринти на Филипче умира остава семејство без егзистенција.

Ова се само два случаи познати за нашата редакција, но секој еден од тие 642 има свое семејство, живот, луѓе кои се грижат за него и кои од него очекувале, но за здравството тие се се само луѓе не.
Во оваа сторија ќе се пронајдат и сите граѓани кои завршувале со скршеници или друг вид на здравствени проблеми низ ходниците на македонските болници, а често биле враќани и не го добивале задолжителниот третман.

Ова е системот кој е трул и ги остава луѓето на цедило во борба со бирократијата. Ова е системот кој не можеше да се справи со Ковид 19 пандемијата и од најавените 2.000 заболени добивме 15.555 лица, односно скоро 8 пати повеќе отколку првичната проценка.
Филипче се слушаме?!

Коронавирус