среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Македонија

Лавров: Киев да не ја политизира борбата против тероризмот

Лавров: Киев да не ја политизира борбата против тероризмот

Борбата против тероризмот не треба да биде жртва на геополитичките игри, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по видео конференцијата со колегите од Демократска Република Конго, Египет и Јужна Африка.

Коментирајќи го планот на украинските власти да се повлечат од Меморандумот за соработка со Русија во борбата против тероризмот, Лавров рече дека тие се водени од разни документи и дека имаат право да го сторат тоа, јави ТАСС.
Тој рече дека тие, исто така, имаат право да изберат како да ја прекинат соработката во различни области.

– Ако сметаат дека ова е најефикасниот начин за заштита на националните интереси, тогаш нека биде така, рече рускиот министер за надворешни работи.

– Единствено што ни е јасно е дека борбата против тероризмот не смее да биде жртва на геополитички игри, додаде тој. (МИА)

Коронавирус