недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Македонија

Лашкоска: Се руши мостот во Прилеп за кој од локалната власт беа издвоени 800 илјади евра

Лашкоска: Се руши мостот во Прилеп за кој од локалната власт беа издвоени 800 илјади евра

Повеќе немам воопшто дилема дека мостот во Сточен пазар – Прилеп ќе достигне вредност не од еден милион евра, ами сигурно и нешто повеќе.

Неспособноста,незнаењето и ароганцијата на СДСМ повторно на површина! Наместо мост, при првиот дожд гледаме дека овие всушност направиле вештачко езеро.

Дали на населбата и се заканува поплава, па поради тоа патот е веќе затворен и се руши изграденото од тоа што требаше да е најскап мост во Европа, а може и пошироко!, пишува на својот Фејсбук профил пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска.

Имено, се урива мостот во Прилеп што помпезно беше најавуван како капитална инвестиција. Овој мост за чија изградба беа одвоени во буџетот на општината околу 800 илјади евра после дождот кој го зафати Прилеп создаде мини вештачко езеро во населбата Сточен пазар.

Поради опасноста да не предизвика посериозни штети сега истиот се руши.

Коронавирус