понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Култура

Заврши театарскиот фестивал за деца “Силјан Штркот”во Прилеп

Заврши театарскиот фестивал за деца “Силјан Штркот”во  Прилеп

Со настапот на Театар за деца и младинци Скопје со претставата Грдото пајче, викендов во Прилеп заврши првиот театарскиот фестивал за деца “Силјан Штркот”.

Тродневниот фестивал беше исполнет со богата програма проследена со многу музика, работилници, изложби, театар и пријателска атмосфера во која најмногу уживаше најмладата публика.

Идејата за овој фестивал поттикна актерките Марија Спиркоска Илијеска и Ангела Наумовска од Здружението на граѓани „Мал Театар” Прилеп кој се иницијатори и организатори на овој фестивал чија цел беше да се промовира театарската уметност, културните вредности, преку интерактивност со најмладите да се јакнат и оддржуваат пријателството, хуманостам и љубовта, а воедно и од  најмали нозе да се учи публиката колку е важна културата и односот кон неа.

Во Програмата на првото издание на овој Театарски фестивал за деца “Силјан Штркот беа претставите ‘Црвенкапа’ од Театарот од Велес, ‘Малиот Принц’ од Театарот Сенки и облаци од Скопје, ‘Заборавените кукли’ од Театарот од Битола и ‘Грдото пајче’ од ТДМ од Скопје.

Фестивалот го отвори Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, а беше промовирана и химната на фестивалот “За подобар свет” со текст од Марија Спиркоска Илијеска и Бојана Артиновска Трпческа во продукција на Томе Темелкоски, а во изведба на Алксандра Трајческа и хорот Средно Општинско Музичко Училиште Ордан Михајловски Оцка, и учениците од ОУ ‘Кире Гаврилоски – Јане.

Како надополнување на содржинскиот дел на фестивалот беше изработена маскота, ликовно решение кое го симболизира процесот на  преобразбата на  Силјан Штркот од штрк во човек и обратно, од страна на Александар Џинго и Бојана Артиноска Трпческа, додека за дизајнот на постерот се погрижи Анита Гајтановска.

Оранизаторите на викенд театарското дружење за најмладите  веруваат дека ова ќе прерасне во традиција за што доволна потврда беше големата побарувачка на влезници за сите четири претстави.

Фестивалот беше поддржан од Општина Прилеп и дел од прилепските стопанственици: Lotus Lounge Chair, Тритекс, Прилепска Пиварница, Витаминка, Комфи Ангел, Матадор,  Living Home Center, Дизниленд трејд и Академи Пица Бар.