понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 12
home Култура

Зaврши 32-та Меѓународна ликовна колонија св.Јоаким Осоговски

Зaврши 32-та Меѓународна ликовна колонија св.Јоаким Осоговски

Во стариот конак на манастирот св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка синоќа се одржа изложбата на дела од годинашната Меѓународна ликовна колонија „св.Јоаким Осоговски“ која од петти септември се одржуваше во амбиенталнито простор на вековното духовно светилиште.

Со претставувањето на делата, вкупно 22, создадени на 32-та ликовна сесија официјално беше заокружена оваа ликовна колонија, препознатлива и единствена во светот на која се твори во сакрален амбиентален простор.

-Уметничката конфронтација на културите од шест држави, Германија, Австрија, Полска, Македонија, Бугарија и Турција е отсликана на вкупно 22 дела, создадени во седумдневното инспирирање и творење во рамки на колонијата. И годинава се твореше по слободен тематски пристап, а авторите низ разни сликарски техники, воглавно инспирирани до убавините на комплексот, духовноста и светоста на секое парче од овој хоризонт и дел од универзумот на Кривопаланечко тло совдадоа нови неповторливи уметнички слики кои ќе ја збогатат манастирската збирк ана колонијата, рече Јордан Михајловски, координатор на колонијата.

На изложбата присуствуваа претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска, архиерејскиот намесник на Кривопаланечкото намесништво на МПЦ-ОА. Александар Смиљков и бројни вљубеници во уметноста од Крива Паланка.

Од вкупно дваанесетте учесника на годинашната колонија, тројца академски сликари беа од Крива Паланка.

– Овие дела создадени на 32-та колонија ќе бидат претставени пред пошироката макеоднска јавност низ изложба која ќе циркулира во следниет 365 дена низ центри за култура и уметнички галерии во државата, а изложба ќе с еодржи и во нашиот град, додаде Михајловски.

Меѓународната ликовна колонија св.Јоаким Осоговски е поддржана од Министерство за кулутра на Република Македонија, локалната самоуправа на општина Крива Паланка, МПЦ-ОА, Кумановско-Осоговска епархија.

МИА