петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 59
home Култура

Започнува петото издание на танцовиот фестивал Денс ОФФ

Започнува петото издание на танцовиот фестивал Денс ОФФ

Овој викенд пред А1 Арена – Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 10 октомври до 11 октомври, ќе се одржи петото издание на меѓународниот танцов натпревар Денс ОФФ.

Во рамките на танцовиот викенд ќе се одржи и куп во модерен и латино танц, а дел од учесниците на купот ќе ја претставуваат земјава на Европското првенство во модерен, џез и класичен балет, што ќе се одржи во декември во Варшава.

Поради ситуацијата со коронавирусот и ризикот од ширење на вирусот, оваа година нема да учествуваат натпреварувачите од други земји, додека фестивалот ќе се одржи со ограничен број на преформанси и танчери од нашата земја, под строги утврдени протоколи.

– Денс ОФФ е празник на танцот и поддршка на танцовата уметност во овие тешки времиња. Идејата е да ги мотивираме младите да продолжат да се занимаваат со танц и покрај многубројните ограничувања и искрено се надеваме дека ќе им значи да се појават на танцовата сцена по долгата пауза, велат организаторите на натпреварот.

Овогодинешното издание на Денс ОФФ е само најава за тоа што треба да се случи наредната година во Скопје, односно Европското првенство во модерен , џез и класичен балет што ќе се одржи во јуни во Македонска Опера и Балет во организација на танцовите клубови „Break А Leg“ и „Eat The Beat“ од Скопје. (МИА)

Коронавирус