сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 48
home Култура

Втор труд на Васе Канзуров за малите и средните претпријатија и менаџирањето на јавните набавки во Македонија во процесот на пристапување во ЕУ

Втор труд на Васе Канзуров за малите и средните претпријатија и менаџирањето на јавните набавки во Македонија во процесот на пристапување во ЕУ

Деновиве од печат излезе трудот на М-р Васе Канзуров, Малите и средните претпријатија и менџирањето на јавните набавки во Република Македонија во процесот на пристапување во Европската унија.

Трудот е скромен придонес на авторот за напорите на малите и средни претпријатија да најдат вистински начин како да ги менаџираат јавните набавки во процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ.

Во тој контекст се наметнува потреба од сериозен пристап на тој сегмент на економијата на Република Македонија, како земја кандидат за членство во Европската унија во процесот на започнување на преговорите со нашите европски партнери.

Основна цел на македонските власти која престои во идниот период е усогласувањето на националното законодавство во областа на јавните набавки со законодавството на ЕУ, преку примена на директивите и регулативите на ЕУ, се со цел олеснување на учеството на МСП во јавните набавки.

Главна тема на овој труд претставува односот на малите и средни претпријатија и унапредувањето на учеството до јавните набавки, што останува најважен предизвик за малите и средни претпријатија, кои учествуваат со само 45% од вредноста на јавните набавки над праговите, од вредноста на јавните набавки во ЕУ.

Развиениот систем на јавни набавки има голема улога во развојот на сите компании, особено на малите и средни претпријатија, да ги надминат ограничувањата од најважната група клиенти – договорните органи од јавниот сектор.

Ова е втор труд на авторот и е објавен двојазично на македонски и англиски јазик.

Коронавирус