петок, 27. април 2018. Вести денес: 14
home Култура

Во велешкиот театар со премиерата „Кралските копилиња“ одбележан Светскиот ден на театарот

Во претставата настапија актерите: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Марија Стефановска, Фаик Мефаиловски и Маја Љутков.
Во велешкиот театар со премиерата „Кралските копилиња“ одбележан Светскиот ден на театарот

На големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа премиерно беше изведена претставата „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски  авторот на текст, режисер и концепт за аудиовизуелен дизајн.

Во претставата настапија актерите: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Марија Стефановска, Фаик Мефаиловски и Маја Љутков.

– „Кралските копилиња“ е претстава за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор, појасни авторот Сашо Димоски.

Инаку пред изведба на претставата беа прочитани Меѓународната и македонската  порака за Светскиот ден на театарот.