петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Култура

Во Србија е хит, а сега доаѓа во Македонија: Претставата „Индиго“ на Лечиќ е нешто кое треба да се погледне

Во Србија е хит, а сега доаѓа во Македонија: Претставата „Индиго“ на Лечиќ е нешто кое треба да се погледне

Српската хит- претставата „Индиго“ во режија на Бранислав Лечиќ и со текст на Душко Премовиќ, ќе гостува во Скопје, на 13-ти април од 19 часот во Домот на Арм.

Главните улоги ги ги играат Бранислав Лечиќ и две дами, Даница Максимовиќ и Марија Вицковиќ. Драмата „Индиго“ е приказна за животот на една жена во модерното општество, нивните стравови, интереси, цели и амбиции. Две доминантни дами, Бела (Марија Вицковиќ) и Ана (Даница Максимовиќ), работат во иста канцеларија долг низ години не знаејќи една за друга апсолутно ништо. Нивните приватни животи се распаѓаат во целост. Изгубени се, осамени и исцрпени од работата.

Марија Вицковиќ и Бранислав Лечиќ ќе бидат двојка во претставата.

По многу расправии, навреди, подметнувања, лажни телефонски повици, се зближуваат и се поддржуваат една со друга, за да ги пребродат нивните проблеми. Во најубавите моменти се разделуваат. Бела останува сама, се додека не се појави маж (Бранислав Лечиќ) во нејзиниот живот, домар и екс-затвореник, кој ја вади од магичниот круг на секојдневието понудувајќи ѝ брак.

Билетите можете да ги набавите на продажните места на mktickets и Југотон во ГТЦ.