четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 125
home Култура

Во Скопје се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко”

Во Скопје се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко”

На неколку локации во Скопје деновиве се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко”, кој е во македонско-хрватска копродукција а во режија на хрватскиот режисер и сценарист Марко Чавка и македонскиот режисер Бранко Попчевски.

Сценариото е на Марко Чавка. Актерската екипа ја сочинуваат нашите актери Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата- актери Адреин Гане Боирал и Анастасија Аневска.

Станува збор за емотивна приказна која ги опфаќа социјалните разлики и различнте аспекти на идеологијата во современиот свет

Коронавирус